ВИДЕО: ШТО ИМААТ САМО БРЕНА И АДЕЛ?

Фолк-ѕвездата Лепа Брена денеска е во Скопје за да го најави големиот концерт со кој на 15 декември ќе одбележи 35 години од нејзината кариера. Расположена, на средбата со новинарите таа откри дека и на концертот во арената „Борис Трајковски“ ќе пее на скапиот микрофон што пред неколку месеци ѝ го подари сопругот Боба Живојиновиќ за 58. роденден. „Кога ја слушнав Адел како пее на овој микрофон, каков е звукот што го произведува, знаев дека мора да го имам и јас. Чекав 6-7 месеци производителите да го изработат специјално за мене. Кога ми го донесоа, му се израдував како што мажите се радуваат на скапи автомобили или мотори. Јас сум единствената на Балканот што има таков микрофон“, откри Брена на прес-конференцијата

Пејачката рече дека на почетокот не помислувала дека толку долго време ќе остане во работа што е напорна и бара голема жртва. „Мојата љубовта кон публиката и кон музиката ми ги рашири крилјата да се чувствувам најдобро кога сум на сцената. Пред јубилејот направив документарен филм во три дела ‘Слаткиот грех на Лепа Брена’ за да ги потсетам сите дека една мала девојка со својот талент и амбиции успеала да трае. Сакав и да испратам порака дека не мора да си ниту луд ни гол ни обоен за да успееш во животот, туку дека е важно да си талентиран и вреден. Јас пораснав во Југославија и горда сум на мојата земја. Затоа турнејата и мојот последен албум се викаат ‘Зар е важно дал се пева или пјева’ и тоа е мој одговор како мајка и жена на ова што ни се случува“, додаде Лепа Брена.Организатор на јубилејниот концерт на Брена во Скопје е „Прагма продукција

Коментари

Популарно