Северина по втор пат се разведува

Игор Којиќ, по последната жестока кавга со Северина, заради која, наводно тие се разведуваат, повеќе нема да се врати во Загреб.

Како што тврдат добро упатените, неодамна тој се поздравил со некои од неговите пријатели и им го најавил своето враќање во Белград, неговиот роден град, кој го напушти пред три години, кога се омажи за хрватска поп ѕвезда.

“Игор и Севе веќе извесно време не функционираат баш најдобро. Славата на татко му, пејачот Драган Којиќ Кеба беше моментот кога ја прекинаа нивната врска, а кулминацијата се случила кога пејачката не се појави на концертот на таткото на нејзиниот сопруг. Тој ден таа и Игор повторно се скараа, па таа се врати на половина пат од Загреб до Белград дома.

Игор е многу лут и одлучи да остане во Белград, каде се слушнал со некои од неговите пријатели и им рекол да не се враќа повеќе во Хрватска“ – вели извор за српски Ало.

Да потсетиме, Северина имаше судско рочиште со Милан Поповиќ – таткото на нејзиното синче  во Загреб, на 4 декември, токму на денот на концертот на Кеба во Белград. Иако таа  не отишла на судење, туку тргнала за Белград, по новата расправија со Игор која случиле во текот на патувањето по телефон, Северина само го свртела автомобилот и се вратила во Хрватска и така го извиси свекорот Кеба.

Никој од нив  двајцата, ниту Северини ниту Игор  се’ уште не се огласиле во јавноста, како и Кеба, кој по одличниот концерт во Белград, отпатува на настапи во Бугарија.

Коментари

Популарно