ФОТО: Адријана Лима најдобро знае како се носи малиот црн фустан

Бразилската манекенка Адријана Лима пред две недели за последен пат прошета по пистата на Викторија Сикрет.

По 20-годишната манекенска кариера, Лима одлучила да се "пензионира", а медиумите ја објавија оваа вест како крај на една ера во светот на модата бидејќи Бразилката беше едно од најпрепознатливите лица на овој бренд. За неа велат дека била "најголемиот од сите ангели". 

Адријана се појавила на еден настан во Мајами за кој одбрала парче кое никогаш не излегува од мода, а тоа е малиот црн фустан. Прекрасната манекенка го искомбинирала фустанот со црни салонки, а целата комбинација ја оживеала со сребрен ремен околу струкот.

Гламурозниот изглед, Лима го "зачинила" со минималистичка шминка и залижана коса.

Познатиот ангел на Викторија е мајка на две ќерки, 8-годишната Валентина и 6-годишната Сиена која ги роди во бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.

Коментари

Популарно