Српските медиуми деновиве пренесуваа дека Северина Којиќ и Игор Којиќ се разведуваат, а како причина беше наведена водителката Јована Јоксимовиќ.
Наводно Драган Којиќ Кеба ги поканил Јована и Жељко Јоскимовиќ на слава, а кога за тоа дознала Северина наводно си ги спакувала куферите и си заминала.
Јована не сакаше да ги коментира овие написи, истакнувајќи дека се глупости.
Од друга страна, Северина на својот „Инстаграм“ објави постара фотографија на која е заедно со Игор од патувањето на Занзибар и на тој начин ги демантираше вестите за разводот.
За потсетување, пред некое време Северина исто така беше во центарот на внимането поради своите експлицитинит фотографии.