ВИДЕО: Првата Македонка во УФЦ ја запиша најголемата победа во кариерата!

Ултимејт-фајт борецот од македонско потекло, Нина Ансароф, дојде до нов триумф зад своето име и во рамки на „УФЦ 231“, настан кој се одржа во Торонто, Канада, славеше над Клаудија Гадеља.

Ансароф, која на слабината го има истетовирано македонското знаме и во кариерата има скор 10-5 во ММА и 4-2 во УФЦ, имаше изедначена борба со Гадеља, која на крајот по три рунди успеа да ја добие со 29-28. За неа, ова е најголема победа во кариерата.

Успехот на Ансароф е голем, ако се земе предвид дека Клаудија Гадеља е поранешна предизвикувачка за УФЦ-титулата.

Коментари

Популарно