Снежна бајка и 20 цм снежна покривка во овие градови

Во текот на изминатата ноќ под влијание на циклонот НЕВЕН кој неодамна ја зафати државава услови нови врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Рано утринава поради заладувањето и северниот ветер снежната граница се спушти под 1000 м.н.в.

Претпладнево снег паѓаше во Крива Паланка, Берово а најинтензивен беше во Кратово каде снежната покривка веќе изнесува дури и околу 20 цм а тоа може да го погледнете на следната фотографија која доаѓа од снежното Кратово:

Нов влажен бран циклонот НЕВЕН ќе услови во среда и ќе услови врнежи претежно од снег и на пониските места, овој бран ќе услови понатамошно зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините а снежна покривка е можно да се формира и на некои од пониските места.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно