Денеска малку снег - снежниот бран доаѓа во...

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува ветер претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од минус два до шест степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до четири степени.

Во среда ќе биде стабилно со ниски минимални температури, а во четврток на места ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и сабота по котлините ќе има услови за појава на магла.

Коментари

Популарно