ВИДЕО: Сакала невиноста на ќерка си да ја продаде на богат педофил

35- годишната Ирина Глаткин заврши во затвор по обидот да му ја продаде сопствената ќерка на богат педофил. Таа е осудена на четири и пол години затвор и и е одземено старателското право над нејзината ќерка.

Руската јавност , сепак реагира на благата пресуда. Поранешната Мис , Ирина , била уапсена во полициска акција кога од  градот Чељабинск летала кон Москва каде требало да се сретне со мажот , кој теебало да и плати 19 100 фунти за секс со нејзината ќерка.

На суд Ирина дошла во крзнена бунда , а повеќето време на судењето седела со наведната глава за да ги избегне камерите. Таа пред продажбата на својата ќерка , дури и извадила лекарска потврда дека ќерка и е невина, а снимила и серија фотографии од ќерка и во провокативни пози.

Ирина во ресторан во Москва требалио да се сретне со мажот , но полицијата дознала за планот и еден полицаец ја одиграл улогата на педофилот. Во моментот кога Ирина ги споменала парите и ќерка си , веднаш ја уапсиле.

Полицијата потврдила дека Ирина претходно се занимавала со проституција. Девојчето и е предадено на бабата, а не е познато дали е уапсен и богатиот педофил.

Коментари

Популарно