ВИДЕО: Македонската пејачка доби нова улога во „Гранд“

Калиопи Букле активно работи и е посветена на својата музичка кариера.

Имено,таа неодамна ги објави песните „Пресуда“ и „Хајде да пjевамо“ кои имаа одлична реакција кај публиката.

Од друга страна, изминатите месеци Букле одржа неколку концерти во соседна Србија, а се тоа го круниса со спектакуларен концерт во „Сава центар“ во Белград,

Опи често е на релација Македонија – Србија – Хрватска  – Босна и Херцеговина.

Каде и да се појави има пријатели и е добредојдена.

Во низа на работните и професионалните обврски, Букле доби ангажман и во најголемата продукција на Балканот.

Имено, пејачката беше дел од жирито на „Никогаш не е доцна“ каде настапуваа кандидати, а Опи имаше за задача да го каже своето мислење.

На сцената на „Гранд“ ја отпеја и „Беле руже, нежне руже“ , а публиката беше воодушевена.

Македонската поп дива заедно со останатите членови на жирито требаше заедно да одлучат кој кандидат ќе оди во следниот круг. Со оглед на тоа дека сите добра пеат и оваа одлука не  беше лесна.

Коментари

Популарно