ФОТО: Тамара ја покажа новогодишната атмосфера во домот и еден специјален детаљ за неа

На пејачката Тамара Тодевска и остана уште многу малку време додека нејзиното второ бебенце дојде на свет.

Тамара и нејзиното семејство годинава ќе имаат прекрасен почеток на Новата 2019 година, ќе го добијат најубавиот подарок – бебето Дарен.

Домот на пејачката веќе е украсен во празнично-новогодишен амбиент, а најкомфорното место на софата е резервирано за мама Тамара која одмара на специјална перница за трудници која исто така е со новогодишен принт и се надополнува на посебен начин.

Тамара на социјалната мрежа Инстаграм го покажа местото каде се рекалсира и е во исчекување на првиот знак дека е време да тргне на пат кон болница.

А Дедо Мраз оваа 2019 година ќе и го донесе најубавиот подарок и на Хана- нејзиното братче.

Коментари

Популарно