(ФОТО) Влатко Лозаноски: Постојат два вида мажи, едни кои ги бранат правата на жените и кукавици

Голем број од јавните личности се приклучија на кампањата #СлушниЈа и го кренаа гласот против насилство врз жените и девојчињата.

Досега во оваа кампања можевме да ги видиме актерките Амернис Нокшиќи и Тања Кочовска, како и пејачката Викторија Лоба. Тие беа гласот на неколку жени кои поминале низ ваков тежок период низ својот живот и ги раскажаа нивните вистинити приказни како дел од капмањата- 16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата.

Сепак оваа кампања не ја поддржуваат само жени и девојки, туку и вистински мажи кои сакаат да живеат во општество на родова еднаквост и ненасилство. Еден од нив е и пејачот Влатко Лозаноски кој на својот Инстаграм профил објави слика на која е со препознатливиот портокалов мегафон на кој пишува #Слушни ја и пренесе моќна порака.

„Постојат два вида на мажи – Мажи кои се борат за правата на жените и кукавици. Бирајте мудро!“, стои во пораката под фотографијата.

Коментари

Популарно