ВИДЕО: Морган Фриман сними филм за Македонците кои лажираа вести за победа на Трамп

„Продавање лаги“ е краток документарец за мрежата на тинејџери во Македонија чии лажни политички вести имаа историско влијание врз американските претседателски избори во 2016 година. Филмот е во производство на компанијата „Ревелејшнс ентертејнмент“ на славниот холивудски актер Морган Фриман. 

Режисерка на филмот е Лесли Ајврекс, која во 2006 година била номинирана за „Оскар“ за краток документарен филм „Рециклиран живот“. 

- Во 2016 година стотици македонски тинејџери открија начин како да шират лажни политички вести на „Фејсбук“. Овој редок поглед во социјалната мрежа ја открива вистината зад овие лаги и го прикажува драматичното влијание врз Америка и претседателските избори во САД, велат од продукцијата.

Коментари

Популарно