ЛАБОРАТОРИЈАТА НА ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА – Скопје е првата лабораторија за тестирање коај ги исполнува новите услови од стандардот ИСО 17025:2018

Центарот за санитарна контрола изврши акредитирање на својата работа согласно стандардот ИСО 17025 кој го регулира лабораториското работење и земањето на примероци за анализа.

Лабораториите на Центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација - Скопје први во државата го акредитираа своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Акредитирањето беше спроведено од страна на комисија од Институтот за акредитација на Република Македонија како овластена институција.

Ова акредитирање беше извршено согласно новите критериуми што се дел од стандардот ИСО 17025:2018 и тоа за првпат во нашата држава со што станавме првата лабораторија за тестирање која ги исполнила и докажала пред надлежната комисија условите и критериумите предвидени со новиот стандард. Во исто време проширен е и обемот на акредитацијата со внесување на два нови параметри со што го комплетираме прегледот на вода за пиење основен преглед - А, согласно новиот „Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење„ бр.183/2018.

 - изјави Д-р Зоран Божиновски, Директор на центарот за санитарна контрола

Активноста беше изведена од тимот на Центарот за санитарна контрола кој беше претходно подготвен и соодветно едуциран што на крајот резултираше со успешно спроведена акредитација, преод кон новите критериуми на стандардот и проширување на обемот на акредитирано работење. Сите досега успешно спроведени активности на лабораторијата отвараат простор за идно проширување на обемот на акредитација со нови потребни параметри за следење на квалитетот на водата за пиење во дистрибутивниот систем на ниво на периодичен преглед - Б.

Коментари

Популарно