Како на филм: Забележал грешка со банкоматот, па извлекол милиони!

Ден Саундерс живеел на висока нога откако со трик успеал да извади од банката 1.6 милиони долари.

Звучи како филмско сценарио: работел во бар и заминал до локалниот банкомат да подигне пари по крајот на неговата смена.

Подигнал 200 долари, а кратко потоа добил известување дека трансакцијата е откажана, но парите продолжиле да излегуваат од банкоматот.

-Се ми е како во сон. Тоа прво ми паѓа на памет. Ме интересираше само забава, пиење вино, запознавање нови луѓе. Само уживање.

Првата недела потрошил околу 20.000 долари, но неговиот сон на милионер кратко траел, бидејќи од банката си ги побарале парите назад.

Коментари

Популарно