Циклонот „Невен“ денеска силно ќе ја погоди Македонија

Денеска не очекува облачно време со врнежи од снег кои во западните и јужните делови ќе формираат снежна покривка. Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд, но од недела се очекува мала снежна покривка и на пониските места во земјава.

Од циклонот кој го зафаќа регионов, со снежни наноси најмногу ќе бидат погодени Босна, Црна Гора како и во соседна Србија, каде се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 40 сантиметри, локално и повеќе додека на планинските места дури и над 50, 60 сантиметри.

Коментари

Популарно