Искочи од притвор точно на денот за гласање за уставни промени и гласаше ЗА, а брат му заработи милиони!

Над 58 милиони денари или околу 950 илјади евра е вкупната вредност на тендерите кои вевчанската фирма Атриум, водена од братот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски ги има потпишано со државни органи во последните 5 месеци. Податоците се јавни и се впишани на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Проблемот е што токму против таа фирма во тек е предистражна постапка за тендерот за варосување и дополнителни градежни работи на на скопскиот стадион пред одржување на европскиот супер куп и натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Поради сомнежи дека зад итност на постапката за стадионот се кријат високи и напумпани цени за фарбање на квадрат ѕид и за градежни преправки, владата поднесе пријава, а финасиската полиција се уште го истражува случајот.

Досега финансиската полиција има побарано и добиено документација за тендерот од ПУИГ, од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. И додека таа зделка се истражува, Атриум доби уште најмалку 5 тендери од кои последниот пред само една недела од Станбен и деловен простор (АДСДП). Тој тендер е во вредност од околу 700 илјади евра со ДДВ и се однесува на градежни работи на повеќе канцеларии и простор на агенцијата. Иако е познато дека има постапка против фирмата Атриум, компанијата не е на листата фирми со негативни референци и нема никаква законска пречка за учество на тендери.

„На денот на јавно отварање на понудите немаше објавено негативна референца на сајтот на биро за јавни набавки, со што немало никаква законска пречка за учество на фирмата во јавното наддавање, одговараат од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“.

Атриум и на претходниот тендер за истата намена имал понуда, но во април оваа година тендерот е поништен поради пропусти во постапката, стои на сајтот е-набавки. Сегашниот договор вреден околу 700 илјади евра го потпишал Бобан Мукоски, братот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски кој на Крвавиот четврток ги отвори вратите и го отпочна насилниот хаос во Собранието, а сега чека амнестија од колегите. Повеќе медиуми објавија дека и пратеникот е еден од основачите на фирмата Атриум која и во претходната власт победуваше на тендери за градежни зафати.

Коментари

Популарно