ФОТО: Ова е монструмот кој си ги уби трите деца

Во Мали Луг, Босна и Херцеговина, пронајдени се три тела на малолетни деца и нивниот татко. Како што дознава Аваз овоа монструозно злосторство го извршил 37-годишниот Адмир Совиќ.

Тој очигледно маскрот го подготвувал со денови, дури и на еден свој пријател му најавил што планира. Тој ги убил своите деца синоќа, а потоа се обесил себеси.

Најмладото дете имало само 2 години, ќеркичката 5, а најстариот син бил трето одделение.

Сопругата го оставила Адмир пред 20 дена, што е можен мотив за ова крваво злосторство, а Адмир наводно ѝ рекол и на неа дека сите ќе ги убие ако го остави.

Соседите тврдат дека Совиќ бил поправач на земјоделски машини, а живеел во изнајмен стан заедно со сопругата и децата.

Додале дека не го познавале ниту него ниту неговата сопруга, бидејќи се доселиле неодамна.

Коментари

Популарно