Вакви коктели не сте пробале!

Во пријатна атмосфера, во срцето на Карпош е сместено маалското кафуле „Крем кафе“ во кое ќе ве маѓепса празничната атмосфера. Покрај топлото чоколадо со повеќе вкусови и  греното вино, во ова кафуле, можете да уживате и во уникатните кафе коктели кои се специјалитет на локалот.

Топло чоколадо, или чаша полна со среќа е целина составена од неколку вкуса по избор, како чоколадо, лешник, ванила, карамела, шумско овошје или јагода одвоени со дробен бисквит меѓу слоевите.

Кафето во "Крем кафе"е нова приказна во вашиот живот. Креатори на уникатни безалкохолни кафиња со вкус по избор, топло или ладно, склопено во чаша со одделени слоеви остава простор сами да изберете какви вкусови и изглед ќе имаат вашите кафиња. Па затоа, разбудете ја вашата имагинација и играјте со боите на вашето кафе!

Покрај несекојдневните кафе кокители во Крем можете да се стоплите и со кафиња како  ‘’Marrocchino”,  “Coko-moko” и  “Argentino” кои ретко ќе ги најдете на мениата низ Скопските кафулиња, а имаат изглед, вкус и мирис кои целосно ќе ве освојат.

Така, омилениот топол пијалак може да го пиете во придружба на новогодишни венци, Дедо Мразовци, зимски поларни ќебенца, како и еден тон светкави сијалички.

Коментари

Популарно