Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони отштета

„По извршеното вештачење на вешто лице, невропсихијатар, на петчленото семејство Саздовски кои живеат во семејна заедница, согласно член 57 и 112 од Законот за кривична постапка

Семеството на Никола Саздовси, момчето што беше претепано кон крајот на јуни на автобуска станица во скопска „Автокоманда“ побарало отштета за убиениот.

„Поднесено е оштетно побарување од 5 милиони денари од првобвинетиот и 5 милиони денари од второбвинетиот. Овие суми се согласно просечните износи досудени за нематеријална штета за смрт на блиско лице според член 190 од Закон за облигации“, изјави  бранителот на семејството Саздовски, Ванчо Шехтански.

За оштетувањето, одбраната на обвинетите треба да се произнесат на 25 декември.

За убиството на Никола Саздовски им се суди на Бесир Беља, Скендер Демири, додека Јетон Љужа е во бегство.

Тие се обвинети дека со боксови го удирале Саздовски, а кога тој паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со клоци по целото тело. Поради повредите тој бил пренесен во болница каде по 9 дена починал.

Коментари

Популарно