ФОТО: Поп се снима среде секс!

Православен свештеник од Рума, Србија, сопруг и татко на малолетно дете, се најде во центарот на секс-скандал, кога во ова мало гратче се рашири снимката на која има секс со неговата љубовница.

За работите да бидат полоши, снимката на неговиот телефон прво ја нашло неговото синче.

Сè почна кога детето на попот гледаше нешто во неговиот телефон и оддеднаш налета на ова видео. Веднаш ѝ го покажа на мајка си, која не можеше да им верува на очите, открива извор за српски „Курир“.

Засега не се знае како снимката се раширила низ целиот град, но на граѓаните на Рума не им требало долго за да откријат кој се наоѓа на сликата. Девојката ја препознале по специфичната тетоважа, па таа веднаш по избивањето на скандалот го избришала својот профил на „Фејсбук“.

Според информациите на весникот, станува збор поп кој венчавал и осветувал вода по куќите, па затоа и толку многу од граѓаните го препознале.

Коментари

Популарно