Скопје и скопјани како и поголем дел од државава пред снежна покривка

Денот недела ни носи продор на студен воздух од север и спуштање на снежната граница па така врнежи од снег веќе може да се очекуваат и понекаде на пониските места во државава и тоа особено на север, запад, североисток како и истокот од државава, услови за формирање на тенка снежна покривка има понекаде и  на пониските места.

Послаби локални врнежи од снег можни се и во Скопскиот регион додека максимумот на температурата денес ќе се искачува во интервалот некаде од 3 до 10 степени, меѓутоа истите во текот на денот ќе бележат тенденција на опаѓање па така до понеделник наутро речиси насекаде ќе бидат во негатива.

Во понеделник ќе има послаби врнежи од дожд и снег додека во текот на ноќта кон вторник како и во вторник циклонот НЕВЕН ќе услови нови поинтензивни врнежи кој ќе бидат претежно од снег со што во поголем дел од државава очекуваме формирање на снежна покривка додека на повисоките места и на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми.

Утре (недела) како и во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно