Македонка треба да плати 40.000 денра на извршители, но не знае зошто

Семејството на велешанката Билјана Темелковска се соочува со апсурден проблем – да плати 40 илјади денари преку извршител, а не знае за што. Вистинско изненадување за неа било кога пред извесно време и стигнал налог за извршување. Прво помислила дека е грешка, оти ги платила сите трошоци од судскиот спор кој пред пет години го изгубила. За изненадувањето да биде поголемо, токму тој судски спор е наведен во налогот за извршување како извор на долгот.

 - „Јас знам дека треба да платам, а што плаќам и на кого му ги плаќам овие пари. Што направив јас за да ги платам овие пари?!“ - вели Темелковска за 24 вести.

 - „Јас ги немам видено тужителите што ме тужат најмалку пет години, затоа што од кога заврши таа приказна со пресудата јас не ни одам на таа нива, а они одат, газат таму, повеќе не ме ни интересира“ - вели Темелковска.

 Но, со ова не се согласува извршителот Крсте Трајковски. Во телефонски разговор објасни дека со пресудата не завршиле обрските на семејството Темелковски. На нивни трошок паѓало околчувањето на патот, па затоа соседите преку адвокат и извршител го побарале тоа. Вели дека оваа обврска произлегувала од пресудата. 

Коментари

Популарно