Работилница за анален секс за студентите

Универзитетот Харвард на своите студенти им понудил работилница за аналниот секс во рамки на „Неделата на сексот“, што се одржува еднаш годишно и која има за цел да ги упати студентите во практикување на здрав и пријатен анален секс, пренесува Huffington Post. 

„Неделата на сексот“ вклучува „еднонеделни програми што се интердисциплинарни, тераат на размислување, инвентивни и применливи на студентските искуства за да се промовира холистичкото разбирање на сексот и сексуалноста, а ова е трета година по ред како што се одржува.

Работилницата за анален секс, наречена “What What in the Butt: Anal Sex 101”, ќе ја водат луѓето од секс шопот Good Vibrations.

„Соработувавме со харвардската недела на сексот и порано, а кога нè контактираа оваа година, бевме многу среќни што можеме да испратиме еден од нашите најспособни едукатори на оваа презентација. Посебно ни е драго што екипата од Харвард, која го организираше овогодишниот настан, во програмата сакаше да ја вметне и темата на аналниот секс бидејќи тоа е тема што ги интересира многумина, но таквиот облик на секс бара информации кои често се недостапни во класичните предавања за сексот. Да го работите тоа на погрешен начин, како што многумина го прават, може да доведе до многу проблеми: од болка и нелагодност, до сексуално преносливи болести. Аналниот секс не е за секого, но е многу почест отколку луѓето што мислат, а луѓето што ја осмислиле овогодишната Недела на сексот размислуваат исто како нас – сакаме луѓето да знаат доволно за оваа тема, за да решат самите дали сакаат да се впуштат во такво нешто или не. Сакаме да ги имаат сите потребни информации за да бидат сигурни и да останат здрави“, вели Керол Квин од секс шопот Good Vibrations.

Коментари

Популарно