Ова е најскапиот хамбургер во Скопје

Немаме категорија „верувале или не“ но да ја имавме, тогаш веројатно ова што следи ќе требаше да биде ставено таму.

Во новиот трговски центар во населбата Ново Лисиче “Лиска“ , во ресторанот над него еден хамбургер, чини скоро 400 денари.

Да не помислите дека станува збор за сендвич од 2 килограми. Тоа е обичен хамбургер. Велат бил со плескавица од чисто јунешко месо и одбрани продукти.

Точно, неговата цена чини 380 денари.

Мислам дека е време (еве завршува годината)  да го прогласиме најскапиот хамбургер во Скопје за оваа година.  Секоја чест.

Се чини дека по оваа цена, охриѓаните со право можат на лето, литар вода да ни продаваат и по 200 денари.

Коментари

Популарно