Грешки во креветот кои мажите не ги опростуваат

остојат некои работи во сексот кои жените погрешно ги прават, а на мажите никако не им се допаѓаат…

Честото повторување на овие грешки може да доведе и до прекинување на врската. Ако не сакате тоа да ви се случи, време е за малку „образование“.

Брборење за филозофски теми

За време на сексот добивате инспирација за зборување, а темите ви се воглавно филозофски? За мажите нема ништо полошо од тоа. Се знае за што се зборува во кревет, а во обзит влегуваат само теми кои можат да ги возбудат.

Молчите и трпите

Не ви се допаѓа како мажот ве допира, но не сакате да кажете ништо и очекувате тој да ви ги прочита мислите? Тој знае кога тоа се случува и се чувствува лошо. Кажете му што сакате, тоа ќе му се допаѓа.

Изигрувате порно актерка

Мислите дека може да се однесувате како порно актерка? Размислете уште еднаш. Мажите сакаат кога жените уживаат, но премногу викање не делува воопшто уверливо. Престанете да глумите.

Се гадите од орален секс

На мажите им се гади од такво размислување? Тие не можат да веруваат како може да постојат жени во 21-ви век кои сметаат дека оралниот секс е перверзија. Тие на оралниот секс гледаат како на можност жената да го задоволи мажот, и мажот да ја задоволи жената. Размислете за тоа…

Молење

Сакате кога ве моли? Епа мажите тоа го мразат. Посебно не сакаат кога мора да ве молат за секс. Тоа е сигурна карта за да го побараат на друо место. Покажете му дека го посакувате, немојте да очекувате тој секогаш да покажува иницијатива.

Коментари

Популарно