Димитров се брани на „Фејсбук“ за документите од Викиликс

Објавата на тајните документи од страна на Викиликс дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров два пати бил заштитен извор на американста амбасада во 2008, ја брануваше јавноста.

Во дел од медиумите и на социјалните мрежи се коментира дека министерот Димитров нанел штета на државата , дека вршел шпионажа за амариканските служби, односно ЦИА.

Димитар Апасиев член на Левица по објавата на тајните информации, на „Фејсбук“ побара оставка од министерот за надворешни Никола Димитров.

Некои медиуми објавија дека Димитров на овој начин ја изневерил функцијата на која бил поставен и оддал инфомации кои се важи за билатералните преговори, во времето кога тој беше посредник за спорот со името.

„Макфакс“, побара одговор од Основното Јавно Обвинителство да ја разреши дилемата во јавноста дали министерот треба да сноси одговорност , односно дали постои основа за отварање предмет по допрен глас. Од таму, за сега нема информации дали обвинувањата на адреса на министерот во јавноста се правно основани.

Инаку, Викиликс објави строго доверливи дипломатски преписки украдени од американските институции кои ги информирал за ставовите, во однос на спорот со името на тогашните премиер Никола Груевски и претседател Бранко Црвенковски.

Според Викиликс, Никола Димитров гоизвестувал тогашниот американски амбасадор Филип Рикер за несогласувањата помеѓу Груевски и Црвенковски во врска со предлогот на Нимиц во 2008 година.

Од кабиниетот на министерот , немаше официјална реакција на обвинувањата од Викиликс, но Димитров преку Фејбук статус се брани дека информациите кои му ги “извадиле“ биле со цел да му наштети на договорот од Преспа.

„Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ членството – и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа, “, напиша Димитров на Фејсбук.

Коментари

Популарно