ФОТО: Марина, вереницата на Дарко Лазиќ го откри името на нивниот син

„Стоечки издржав и никогаш не се откажав, ниту пак ја изгубив вербата дека сè ќе биде добро. Имаше моменти кога ми беше тешко, кога не го гледав излезот, што и да направев, Дарко не можеше да ми помогне, но, фала му на Бога, сé заврши добро“ – ја започнува својата приказната вереницата на Дарко Лазич, бремената Марина Гагиќ.

„Имаше разни приказни и обиди да ме оддалечат од Дарко, но тие не успеаа, ниту пак ме премислија. Кога дознав дека сум бремена, не се колебав ниту за момент што треба да направам. Сакав да му родам дете на Дарко, иако не знаев што ќе се случи со него. Јас и не размислував за абортус, ниту пак ќе го направев тоа. Бог ни го даде ова дете по сето она што го минавме“  -продолжува со својата исповед девојката на пејачот, која до сега воглавном молчеше, стоеше настрана од медиумите и не даваше изјави.

„Можам да кажам дека Дарко многу го промени оваа несреќа. Сега сфати што е животот и колку тој вреди. Јас дозволив тој да му го избере името на својот син, а Дарко  одлучи дека ќе се вика Михајло, според ангелот за кој верува дека му го спаси животот. Дарко е свесен дека само чудо го спаси, затоа и почна да верува во Бога и да се моли“  – додава таа, пред да ја заклучи приказната со деталите за нејзината бременост.

Коментари

Популарно