Колку почесто - толку подобро: 13 причини за секојдневен секс

Добро е да практикувате секс што почесто, а експертите објаснуваат и зошто. Редовниот секс носи среќа, долговечност и добро здравје.

Ви носиме одлични причини зошто е добро да водите љубов буквално секој ден, или барем да го зачестите.

1. Го намалува стресот - Длабокото дишење за време на сексот го намалува чувството на стрес. Исто така, тогаш е зголемено лачењето на хормонот на среќа, што е одлично во борбата против анксиозност и депресија.

2. Сексот е одлична вежба - калориите се топат, а мускулите се зајакнуваат. Тестостеронот кој се лачи за време на сексот, ги прави коските и мускулите посилни.

3. Го симнува крвниот притисок - Прегрнувањето и сексот се одлични за симнување на крвниот притисок, бидејќи делува смрувачки.

4. Го зајакнува имунитетот - Редовниот секс ги намалува шансите за заболување од грип и настинка, бидејќи го зајакнува имунолошкиот систем. Имено, нивото на имуноглобулин А, антигенот кој е задолжен за борба против болеста, тогаш се зголемува.

5. Допринесува младолик изглед - Секс три пати неделно, може да ве подмлади за десет години.

6. Срцето е поздраво - Бидејќи за време на сексот се топат вишокот килограми, тоа има одлично влијание на срцето и шансите за срцев и мозочен удар се помали.

7. Ги намалува болките - експертите велат дека сексот намалува разни типови на болка. На пример, ги испитувале заболените од артритис и пациентите кои имале редовен секс имале помалку болки.

8. Ја зголемува довербата и интимата меѓу партнерите - со ејакулација излегува течност која ја произведува простатата, а ако немате секс, тогаш таа се задржува и поради тоа простатата може да набабри, а тоа пак, предизвикува многу проблеми.

9. Подобар сон - Зголемениот број на отчукувања на срцето опушта, а опуштањето е најдобро решение за добар сон.

10. Редовен циклус - Сексот наводно може да влијае на редовноста на менструалниот циклус, можеби токму заради тоа што ве опушта и го намалува стресот.

11. Против еректилна дисфункција - Честиот секс, а со тоа и големиот број на ерекции, го подобрува протокот на крв низ пенисот, што допринесува за ткивото да остане здраво.

12. Долговечност - Здраво срце, силни мускули, добар провод на кислородот низ телото и среќа, се само некои од факторите кои се одговорни за подолг живот.

13. Спермата е поздрава - Со редовен секс, новата сперма уредно се заменува со старата во тестисите, па квалитетот на спермата е подобар. 

Коментари

Популарно