ФОТО: Сузана Турунџиева со новопечениот зет и семејството ужива во прекрасното Крушево

Снегот ги покри нашите најубави планински и туристички места, па сега сите љубители на зимата со нетрпение чекаат да отидат во некои од нашите најубави зимски туристички места. Некогашната наша водителка и писателка Сузана Турунџиева го искористи слободното време и заедно со новопечениот зет и двете ќерки, Лора и Матеа, заминаа на заслужен одмор во преубавото Крушево.

Покрај многуте несреќи кои ја снајдоа Сузе во изминатиот период, изгледа дека токму со новото проширено семејство таа го најде мирот и среќата. Со широки насмевки сите заедно позираа од снежното Крушево, во кое тие ги минуваат овие празнични денови.

Прекрасната водителка наскоро ќе стане и баба, бидејќи нејзината ќерка Лора која минатото лето се омажи, сега го чека своето прво дете.

Веста дека Лора ќе се мажи, силно одекна во јавноста, бидејќи таа минатата година само што заврши средно школо. Сузана пак веста ја сподели со многу емотивна порака. „Зад себе ја оставам тагата, која никогаш не ми даде можност претходно да се подготвам. Од сега нека биде само среќа!“, мислејќи на заминувањето на нејзиниот сопруг Маријан, а и претходно на нејзиниот брат Панде.

Коментари

Популарно