Душко збеснал кога видел со кого се допишува Карлеушка

Неволји во рајот на Јелена Карлеуша која со години е во среќен брак со Душко Тошиќ. Како што пишува српскиот Курир, а веста како бомба одекна во регионот, тие се скарале поради скандалозни пораки.

На Јелена и засметало на настапот на Нова Година тоа што Душко пратил пијалок на познаничка на соседната маса, па го прекинала цел настап, а потоа жестоко се скарале.

Наводно, како што пишува српскиот Курир, Јелена и Душко по настапот дома се скарале повеќе, а тој го земал нејзиниот телефон во кој нашол дека се допишува со фудбалерот Огњен.

Наводно и го земал телефонот веќе никој да нема контакт со неа. Се јавил и кај колегата и го навредил. 

Душко пак се огласи по овие информации и објави фотографија од празниците во неговиот дом со семејството.

Коментари

Популарно