(ВИДЕО) Вака „Шверцери“ ги трошат парите за промоција на Македонија: Длабоко ги мразиме Македонците!

Неколку дена откако се појави веста дека министерството за култура на Македонија спонзорирало видео спот за промоција на навивачката група на Шкендија, навивачите на овој тетовски клуб дале интервју за еден италијански портал во кое отворено зборуваат против Македонија.

Извесен Микеланџело Фреда од италијанскиот град Авелино се јавува како надворешен соработник на италијанскиот портал Rivista, онлајн магазин за теми од и околу фудбалот.

На 9 јануари новинарот Фреда објавува разговор со навивачите на Шкендија под наслов „Не нè викајте Македонци“. Покрај стандардниот „декор“ за нивните идеали, анонимните (а како поинаку) водачи на навивачката група „Балисти“ раскажуваат за нивните почетоци и за нивното учество во работата на обединетата група TKZ која што е составена од повеќе навивачки групи на етнички Албанци од регионов, кои заедно ја бодрат репрезентацијата на Албанија.

Интервјуто изобилува со шовинистички изјави и говор на омраза.

На прашањето да раскажат за Исмаил Морина кој го крена фамозниот дрон во Белград и за односот со македонската јавност, „навивачите“ на Шкендија одговараат:

„Шкендија е албански клуб и ние секогаш имаме респект за Албанија и Косово. Исмаил Морина ’Балистот’ потекнува од градот Куке во Албанија а начинот на кој албанската влада се однесуваше кон неговиот случај е катастрофален. Многу сме бесни што е уште во Хрватска и ако го екстрадираат во Србија нема да биде добро за никој.

Немаме никаков однос со македонската јавност, ги мразиме длабоко и им посакуваме најлошо како што тие ни посакуваат нас.“

На прашањето „Вардар, вашиот најголем ривал ги има истите бои како вас и кирилично име. Како настана овој ривалитет?“, тие одговараат:

„За нив сме ’СТРАВ’: секој пат кога ќе слушнат ’Балисти’ не спијат со денови. Македонци се, поддржани од македонската влада - ги мразиме до срж.“ 

На крајот од опсежниот разговор додаваат дека „Војниците убиени во Диво Насеље во Куманово беа барани од македонската влада поради војната во 2001 година. Им кажале да дојдат во Македонија, дека сè ќе се заборави и дека ќе живеат нормално. Кога ја преминаа границата, македонската полиција ги нападна и тие беа убиени во Куманово. Нашите навивачи соработуваа со ОВК за време на војната во Косово 1998/1999 и Македонија 2001. Немаме никаков однос со нив, но во случај на повик, први сме да отидеме на помош.“

Видеото спонзорирано од Министерството за култура на република Македонија за навивачката група „Балисти“ од Тетово:

Коментари

Популарно