За Меркел веќе сме Северна!

Германската канцеларка Ангела Меркел дури три пати во една изјава рече „Северна Македонија“ за северниот сосед на Грција на синоќешната заедничка прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина.

„Верувам дека решението ‘Северна Македонија’ разјаснува и ѝ овозможува на Северна Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ; исто така ѝ помага на Грција … дава (евроатлантски) перспективи за земјите од Западен Балкан; тоа не е од полза само за Северна Македонија, туку и за Грција и за цела Европа“, рече Меркел.

Коментари

Популарно