ВИДЕО: Поплава во МРТ - пуканала цевка!

ХАОСОТ во јавниот сервис трае од синоќа. Од третиот спрат во кулата течеше вода. Ова, велат револтираните вработени се случува трет пат и не беше саниран дефектот. Проблемот настанал поради пукната цевка, а водата тече на сите страни и по скалите и се слеваше во холот.

Од сите лифтови, оспособен беше само еден. Бидејќи тука има кабли, постоеше опасност од пожар за што беше викнато и против пожарно возило. Вработените се вознемирани поради негрижата за објектот а воопшто и за функционирањето на МРТВ.

Во моментов, како што не информираат на проблемот во кулата се работи, а во малите згради е санирано водоснабдувањето.

Коментари

Популарно