ВИДЕО: Поради ова тело најбогатиот човек на светот загуби 80 милијарди долари

За Лорен Санчез до пред неколку дена речиси никој не знаеше ништо, но во последните два дена откако изби скандалот и Безос потврди дека се разведува, целиот свет пишува на љубовницата поради која најбогатиот човек на светот ќе загуби 80 милијарди долари.

Жената поради која Џеф Безос, сопственик на Амазон, ќе ја остави својата сопруга Мекензи и разводот ќе го чини речиси 80 милијарди долари, дефинитивно е „фатална“, а кога ќе се погледнат нејзините фотографии во костим за капење, јасно е зошто толку брзо „паднал“ милијардерот.

Иако има 49 години и три деца, Лорен има прекрасно тело. Таа пред неколку години облече костим за капење во една кампања и ги воодушеви сите.

„Фаталната“ Лорен засега се нема огласено за нејзината врска со најбогатиот човек на светот. Познато е дека и таа се разведува од нејзиниот сопруг, инаку еден од најуспешните холивудски агенти – Патрик Вајтсел.

Коментари

Популарно