ВИДЕО: Вака Борко ги „шпиунираше“ Јапонците

Првиот голман на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски после првото коло е голман со убедливо најголем број на одбрани. Тој запре 19 удари на противникот, а имаше неколку одлични интервенции меѓу нив.

Во еден момент беше уловен од страна на ТВ камерите како ги шпиунира Јапонците. Се доближи до тројка на противникот во моменти додека се договараа.

Прашањето е колку Борко успеа да разбере од јапонскиот, но според бројот на одбранети удари успеал одлично да сфати што се договараа противничките ракометари и одлично ја заврши својата задача.

Коментари

Популарно