Соња Вуксановиќ повторно му се врати на Аца Лукас само поради оваа причина

Познатиот српски пејач Аца Лукас според српските пишувања повторно се смирил со својата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.

Имено помирувањето се случило пред неколку месеци, а парот се гледа далеку од очите на јавноста.

-Соња и Аца не можат еден со друг, но ниту еден без друг. Тоа што се разведоа нема никаква врска со нивните чувства и емоции. Едноставно двајцата ќе бидат заедно засекогаш. Меѓутоа сега се одлучија љубовта да ја кријат далеку од очите на јавноста и новинарите. Божиќ го поминаа заедно во еден ресторан, Аца пееше, а Соња уживаше додека го слушаше. Се гледаше дека се заедно и дека се сакаат, вели извор за српски „Телеграф“.

Изворот додава дека Лукас бил и на отворањето на новиот бутик на Соња за облека, а и помогнал и околу финансискиот дел.

Инаку во септември минатата година Соња го пријави пејачот за семејно насилство и претепување, по што таа заврши во болница.

Коментари

Популарно