Ципрас бара гласање за доверба на владата: Каменос напушта поради договорот од Преспа

Претседателот на Независни Грци и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос по средбата со премиерот, Алексис Ципрас изјави дека ја напушта Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Деталите ќе ги соопшти на прес-конференција закажана за 12 часот по локално време.

Тој си оди од владината коалиција поради недоразбирање околу Договорот од Преспа со премиерот Алексис Ципрас.

За седум до десет дена грчките пратеници треба да го гласаат Договорот од Преспа.

Каменос цело време истакнува дека не прифаќа решение што го содржи терминот Македонија и најави дека ако дојде време да се разделат нивните патишта, ќе се разделат.

Коментари

Популарно