„Поздрави ја Јована сега сте заедно и горе"

26-годишниот Стефан Илиќ кој ја носеше својата сопруга Јована на породување, при што во нив се заби автобус, па тој почина на лице емсто, а таа во болница откако и го извадија бебето, е испратен во вечниот дом.

Ден по трагедијата во која тој почина, почина и неговата сопруга и покрај напорите на лекарите, а бебето се бори за живот, се напѓа приклучено на апарати и докторите прават се за него.

Оние кои го познаваат парот велат дека многу се сакале и дека таква љубов еднаш се случува. Тој бил заљубен во неа до уши.

Семејството го испрати во вечното живеалиште скршено од болка. - Сине мој што ќе правам без тебе Стефане, викала неутешно мајката.

- Поздравија својата Јована, сега сте пак заедно, викала таа.

Инаку, докторите рекоа дека ако бебето преживее ќе се вика Вук.

Коментари

Популарно