Стигна поддршка за Столе, Борко, Лазров од маестро Симон Трпчевски

Поддршка за македонските ракометари дојде и од маестро Симон Трпчевски.

Тој од Њујорк, каде е на светска турнеја за проектот „Македонисимо”, испрати порака со поддршка за Македонија и ракометарите.

„Пред престојниот настап во Чикаго за поддршка на македонскиот ракометен тим на Светското првенство во ракомет 2019“ – напиша Трпчевски на социјалните мрежи.

Трпчевски исто така сподели и текст за локален на медиум со наслов „Трпчевски го вее знамето за поддршка на неговата татковина, Македонија”.

Коментари

Популарно