Крај на нашите надежи за висок пласман на СП во ракомет

За жал Македонската репрезентација не успеа да обезбеди место во главната рунда на Светското првенство, важниот дуел со Исланд го загуби со и остана без шанса за олимписки квалификации, за првпат ќе играме во Президен Купот. 

Отворивме со техничка грешка и примивме гол на празна мрежа, но веднаш направивме серија од 4-0, за водство од три гола (4:1) по само седум минути игра.

Одлично игравме во одбраната, која беше поставена 5-1, Борко Ристовски беше сигурен меѓу диреците, а во нападот бевме трпеливи и одевме до сигурен, позиционен напад. Исланд по седеум минути го постигна два гола по ред за 6:4 (15 минута), но кога влезе во ритам и исландскиот голман Густавсон се играше егал од 6:6, па до финишот на полувремето.

За 17 минути игра противникот постигна пет погодоци, од кои само еден од позиционен напад, додека четири на празна мрежа, поради играта „7 на 6" на Македонија во нападот.

На пет минути до крајот од 9:9, нашите ракометари влегоа во серија. Талески со погодок од далечина, потоа одбрана од седум метри на Ристовски и гол за Лазаров за водство од два гола, 11:9, односно 12:10 по успешно реализираниот прв пенал на капитенот.

Второто полувреме беше хаотично. Талески со два гола и Филип Лазаров го одржуваа водството од два гола (14-12, 15-13, 16-14) до 34. минута, потоа направивме серија на грешки. Македонија девет минути беше без погодок, на другата страна Исланд со серија од 0-4 за првпат поведе со плус два 16-18 во 45 минута.

Талески ја прекина серијата на противникот, не ја искористивме одбраната на Борко, исклучување на другата странa, ниту втората интервенција на Ристовски од седум метри. Стигна казната, Исланд дојде на плус два 17-19. 

Лазаров својот прв погодок во второто полувреме го постигна во 49. минута за 18-19, не успеавме веднаш да изедначиме тоа го сторивме минута подоцна, по седмерецот на Исланд, Пешевски беше прецизен, Борко одбрани, а Поповски израмни на 20-20. Раул одлучи да промени во нападот, до крајот игравме шест на шест.

Палмерсон со вториот погодок зголеми на 20-21, Македонија со десетата техничка грешка се стави во опасност, на голема среќа нивниот капитен промаши, Кузмановски донесе нов израмнување (21-21), но Исланд одново беше чекор пред нас. На две и пол минути до крајот се искачи на 21-23. Во една изгубена ситуација Манасков погоди за 22-23, но судиите им подарија нов седмерец на Исланѓаните кои реализираа за 22-24. Тука беше крајот. 

Коментари

Популарно