Погледнете што часот на раѓање говори за вас

Не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или доцна навечер. Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час во денот има одредена астролошка важност, која многу влијае на осцилациите во нашиот биоритам. Кругот од 24 часа поделен е на шест нумерички станици.

Првата нумеричка станица е помеѓу полноќ и 4 часот наутро, втората помеѓу 4 и 8, третата помеѓу 8 и 12, четвртата се наоѓа помеѓу 12 и 16, петтата помеѓу 16 и 20 и последната помеѓу 20 и полноќ.

За родените помеѓу полноќ и 4 часот наутро

Вие сте тивки и смирени по природа. Сакате да сонувате и градите кули во облаците. Имате бујна фантазија и понекогаш тешко се снаоѓате во светот на физичката стварност. Имате интересна распеана душа и луѓето често не ве разбираат, затоа што вашиот начин на размислување е поинаков и единствен. Понекогаш делувате расеано. Имате многу племенити навики и секогаш сте спремни да им помогнете на другите.

За родени помеѓу 4 и 8 часот

Вас ве одликува брзина и снаодливост. Упорни сте и истрајни во сите работи, а особено во практични нешта. Како малку кој, вие одлично се снаоѓате на реалноста. Тежнеете кон тоа да на другите им бидете пример, од момент во момент се докажувате и потврдувате.

За родени помеѓу 8 и 12 часот

Вие сте човек од верност, надеж и оптимизам. Жилави сте, ведри и секогаш во одреден немир. Секаде зрачите со несебична љубов и магнетна топлина. Емпатични сте и духовите. Имате склоност кон уметност и филозофија. Вие се особа со многу таленти.

За родени помеѓу 12 и 16 часот

Вие сте енергични, снаодливи и жилави. За вас деновите се практична работа. Добри сте како говорници, математичари и физичари, а ништо не би биле лоши и како книжевници, кога својата енергија би ја насочиле во тој правец. Накратко- вие сте надарена особа која може во многу професии и занаети успешно да го истражи својот креативен дух.

За родените помеѓу 16 и 20 часот

Вие сте личност со немирен, лутачки дух и по малку нервозни. Чекорите ви се динамични, зборовите остри и снажни. Вие брзо мислите и дејствувате. Сакате повеќе да проживеете и го сакате животот во сите видови и облици. Чести ги менувате одлуките и ставовите и неретко истовремено превземате различни зафати. Кој не ве познава добро, може да помисли дека сте брзоплети, но вие итоа како сте свесни што правите.

 За родени помеѓу 20 и 24 часот

Умерени сте, рационални и упорни личности. Сакате да доминирате над нештата и ситуациите. Имате склоност кон филозофија и книжевност. Вие сте уште и духовити личности кои, кога би сакале, би можеле да имаат големо влијание на луѓето околу себе. Авторитетот сте во семејството и друштвото, помеѓу пријателите и на работа. Понекогаш делувате помалку воображено, но тоа е поради тоа што сте полни со самодоверба, како и со животна и креативна енергија.

Коментари

Популарно