Дневен хороскоп

Денешниов ден има незгоден аспект, Сонцето е во квадрат со Уран. Бидете внимателни во сообраќајот, најдобро да не мрдате никаде, со актуелниот квадрат и временските услови се такви што се советува само ако патувањето е неодложно. Не само патниот сообраќај, денес е во опасност и воздушниот. Иако е викенд има многу други можности убаво да си поминете и одморите, а никаде да не одите. Барем додека овој квадрат е активен.

Ви посакуваме среќа!

Овен

Работа

Нечии зборови го продлабочуваат вашето незадоволство. Меѓутоа, со цел да се зачува достоинството пред соработниците, бидете различни и доволно храбри да се соочите со нивните барања.

Љубов

Забележувате дека често немате емоционална поддршка, но не сакате гласно да побарате нечие внимание или присуство. Со прикривање на „слабостите”, го зголемувате вашето расположение и несигурност.

Здравје

Склони сте кон настинка.

Бик

Работа

Вие постапувате самоуверено кон некои соработници и барате дополнителни информации за да ги разјасните сите заеднички дилеми. Недоразбирањето може да кулминира на ваш трошок, па бидете внимателни кому и што ветувате.

Љубов

Немојте да бидете ригорозни или неправедни кон лицето кое очекува вашето искрено разбирање. Нема потреба да си играте со нечии чувства.

Здравје

Добро се чувствувате.

Близнаци

Работа

Прифатете нови идеи со намера да ги проширите вашите сознанија. Некој ве упатува на креативно изразување и правилно функционирање. Покажете дека имате доволно доверба во блиските соработници и заедничкиот договор.

Љубов

Обрнете внимание на лицето кое ве гледа со заљубени очи и со топла насмевка на своите усни. Препуштете се на вашата инспирација што ја чувствувате.

Здравје

Земајте повеќе вода.

Рак

Работа

Во комуникацијата со деловните партнери се очекуваат различни проблеми. Некој се обидува да ве убеди во своите добри намери, но јасно ви е дека работите изгледаат поинаку од она што го слушате во блиската околина.

Љубов

Обидете се подобро да разберете нечија „емоционална слабост” или недостаток на храброст да одговори на сите ваши потреби што периодично се зголемуваат. Бидете потолерантни и трпеливи.

Здравје

Контролирајте го притисок.

Лав

Работа

Делувате незадоволно од нечие однесување во деловната соработка. Најлесно е да им се препише вината на другите, но на овој начин не ги решавате вашите основни проблеми.

Љубов

За да се соочите со саканата личност, оставете работите да одат по нивниот природен тек. Особено, ако претчувствувате добар расплет за двајцата.

Здравје

Нема промени.

Девица

Работа

Претерувате во вашата љубопитност или потреба да се вплеткате во нечии бизнис планови, задржете професионална дистанца. На ненадејни провокации или негативни коментари, вие не мора да одговорите според сличен принцип.

Љубов

Размислете за „варијанта на помирување” со една драга личност. Понекогаш грешките во љубовниот живот се скапи. Не ги прекинувајте емотивните нишки што ве поврзуваат.

Здравје

Добро се чувствувате.

Терезија

Работа

Ако сакате да го подобрите вашиот однос со соработници, прифатете нечиј совет и промените ја својата оригинална стратегија. Сето тоа е добро, може да биде подобро, под услов да го вложите својот максимум или за да надминете некои субјективни граници.

Љубов

Вашиот израз на лицето доволно зборува за емотивен ентузијазам или среќа кои ги чувствувате во нечија близина. Делувате мирно кога чувствуваш нечија приврзаност.

Здравје

Добро се чувствувате.

Скорпија

Работа

Прерано е да очекувате некои конкретни промени во вашето опкружување или да се справите со големите деловни инвестиции. Дозволете другите да се натпреваруваат во работи кои го надминуваат вашето знаење или професионално искуство.

Љубов

Вие не можете да игнорирате присуството на некој или јасната порака до вас. Обрнете внимание на полето на интересот и движењето на партнерот.

Здравје

Вие не сте во кондиција.

Стрелец

Работа

Ако сте иритирани од нечие однесување или присуство, тогаш избегнувајте блиска средба со тоа лице. Премногу авторитет или ароганција од ваша страна може да го комплицираат заедничкиот договор за деловно-финансиска соработка.

Љубов

Понекогаш сте загрижени или вознемирени. Се обидувате точно да ја предвидите нечија реакција или одговор, но немате добар увид во новите случувања.

Здравје

Добро.

Јарец

Работа

Вие сте оптоварени со различни обврски и немате доволно доверба во нечии ветувања. Постои шанса да се подобри вашата деловна позиција, под услов подобро да ја контролирате вашиата импулсивност пред соработниците.

Љубов

Почнувате да се грижите за изјавите на вашиот партнер или за афективното однесување. Ситуацијата во моментов изгледа како да морате да ја прифатите емоционалната позиција во која некој ве става.

Здравје

Можна главоболка.

Водолија

Работа

Средбата со едно лице не ги исполнила вашите очекувања, но имате алтернативно решение. Вие сте доволно енергични за да ја извршите својата волја и да оставите добар впечаток.

ЉУубов

Можете да ја изненадите љубена личност во голем стил. Понекогаш сите ги засенувате со вашите невообичаени идеи, добра волја и несебично внимание што го давате.

Здравје

Одлично.

Риби

Работа

Немојте да се залажувате дека е вистината сè што ќе слушнете или дека некои ветувања се гаранција за деловни и финансиски успеси. Некој може да ве изненади на донекаде грд начин и без објаснување за вашите постапки.

Љубов

Избегнувањето на вистината ве води до погрешен заклучок. Подобро е да ја прифатите идејата на вашиот партнер отколку претерано да се спротивставувате или да создадете нова љубоморна сцена.

Здравје

Повеќе одмор.

Коментари

Популарно