Пораз на нашите ракометари од Русија

Македонската репрезентација на Светското првенство пораз доживеа уште еден. Русија успеа да се издигне по големото разочарување, не совлада со 30-28 и не прати во битката за 15. место на Мунидјалот. Противникот ќе го дознаеме по завршување на дуелот меѓу Чиле и Катар, кој почнува во 15:30 часот. 

Капитенот, Кирил Лазаров со девет погодоци беше најефикасниот играч во нашите редови, два гола помалку имаше Жарко Пешевски. Никола Митревси мечот го заврши со 15 интервенции.

Добро отворивме, поведовме со 4-2, не прочита одбраната на Русија, изгубивме две топки, примивме три гола во празна мрежа, противникот направи серија од 6-0 за 8-4 во десетата минута. Митревски и на овој дуел беше на ниво на задачата, во вистински момент конечно се разбуди и Гоце Георгиевски, украде топка и во серија од 4-0 постигна два гола. Изнедначивме на 8-8, но не го вративме водството.

Русите во последните десет минути дојдоа до нова позитива, 17-12 беше во 28. минута Во овој дел влезе и Крстевски на местото на Манасков. Токму тој заедно Кире намалија на 17-14, резултат со кој се замина на одморот. 

Продлживме да паѓаме и во второто полувреме. Русија за четири минути дојде на плус шест (20-14), Лазаров ја прекина агонијата на теренот. Противникот не дозволи резултатот да отиде во друга насока. Дојдовме на 26-22 во 48. минута, но тоа е се што направивме. Покрај Крстевски шанса добија, Серафимов, Танкоски и Поповски. Капитенот со деветтиот погодок намали на 30-27 на две и пол минути, имавме шанса да дојдеме на минус два, но не погодивме празна мрежа. 

Македонија мечот за 15. место го игра утре со почеток во 13 часот. 

Коментари

Популарно