Фото: Како успеа Филипинецот да го „патосира„ Канаѓанецот ?

Филипинската боксерска легенда Мани Пакјао-ВБА шампионот во велтер категорија, доминираше против канадскиот предизвикувач Адриен Бронер во мечот во Лас Вегас за едногласна победа на поени. Со „пензионираниот“ Флојд Мејведер на трибините, 40-годишниот Пакјао покажа дека иако е 11 години постар од Бронер е побрз од него и дека може да го контролира темпото. Од друга страна, мора да му се честита на Бронер што успеа да остане на нозе и покрај неколку опасни комбинации

Среќен сум бидејќи бев на високо ниво на тренинзите и во рингот. Бог ми даде добро здравје и на 40 години да победувам. Не верувам дека мојата кариера е завршена и повторно го покажав тоа. Патот продолжува. Сакав да бидам и поагресивен, но тренерот ми советуваше да одам на контра-напади. Флојд е тука? Кажете му да дојде во рингот и ќе боксуваме, немам проблем“, изјави Пакјао

Во својот 70. професионален меч, Пакјао победи со 117:111/116:112 и 116:112 и со Мејведер во публиката веднаш се зголемија шпекулациите за ри-меч меѓу двете боксерски легенди, откако Американецот го победи Пакјао во 2015 година

Среќен сум бидејќи бев на високо ниво на тренинзите и во рингот. Бог ми даде добро здравје и на 40 години да победувам. Не верувам дека мојата кариера е завршена и повторно го покажав тоа. Патот продолжува. Сакав да бидам и поагресивен, но тренерот ми советуваше да одам на контра-напади. Флојд е тука? Кажете му да дојде во рингот и ќе боксуваме, немам проблем“, изјави Пакјао

Коментари

Популарно