ПОПОСКИ:Температурите ќе одат под нулата, услови за појава на голомразица па ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и циклон

Во текот на претстојната ноќ облачноста само накратко ќе се намали, сето ова ќе услови температурите позначително да опаднат па така до утре наутро истите ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени додека на повисоките и на планинските места истите ќе се спуштат до околу па и под -10 степени.

Поради ниските температури на воздухот по патиштата низ државава ќе има услови и за појава на голомразица па токму поради ваквата ситуација на пешаците ги предупредуваме да бидат внимателни како и каде се движат, исто така крајна претпазливост им препорачуваме и на возачите и тоа особено доколку се движат низ планинските превои.

Веќе од вторник па натаму под влијание на циклонскиот систем кој го најавивме врнежите ќе зачестат и ќе бидат поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките места и на планините снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка, повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои пониски места.

Исто така од вторник ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Подготви: Славчо Попоски

Коментари

Популарно