ФОТО: Ким Кардашијан покажала сè во чипкаст комбинезон

Ким Кардашијан Вест повторно покажа колку сака да ги истакнува своите облини. Овој пат тоа го направи на 40-от роденден на пејачот Џон Леџенд, кој инаку е близок пријател на Ким и Каније.

Сопругата на пејачот, Криси Тиген, на Џон му приредила тематска Џејмс Бонд Казино Ројал забава, а Ким одлучила да се облече во согласност со настанот.

Старлетата носела проѕирен комбинезон од црна чипка, кој имал три отвори од предната страна, помеѓу кои имало големи кристали.

За уште повеќе да му додаде секаспил на својот изглед, Ким направила „мокра“ фризура, а носела и салонки со висока потпетица.

На оваа забава присуствувала и Кортни Кардашијан, која, за разлика од својата сестра, одлучила да игра на сигурната карта за елеганција, која се состои од црно сако и црн топ.

Коментари

Популарно