Облачен ден со дожд и снег

Денеска не очекува блачен ден, но станува збор за облачност различна од онаа која ја имавме во текот на понеделник. Наутро ќе има слаби врнежи во југоисточниот крај. Претпладне ќе имаме поизразено влијание на релативно плиток циклон, што ќе резултира со врнежи од дожд прво во југозападниот крај, за околу пладне врнежите да се прошират во поголем дел од земјава. Доцна попладне се очекуваат врнежи и во североисточниот крај.

Врнежите генерално ќе прекинат во вечерните и ноќните часови, со исклучок на краниот запад, каде ќе има повремени слаби врнежи.

Овие врнежи ќе бидат претежно од дожд. Снег ќе има само на планините, и тоа генерално над 1200 метри. Навечер оваа граница локално ќе се спушти до околу 800 метри.

Утрото повторно ќе биде релативно топло, претежно со позитивна температура. Минималната температурата ќе има вредности во дијапазонот од -1°С до 3°С

Котлините низ земјава ќе имаат температура помеѓу 2°С и 5°С, а во југоисточниот крај околу 8°С ж.

Пошироката скопска околина ја очекува облачно време. Врнежи од дожд ќе има повремено од доцна претпладне се до приквечерието. Минималната температура ќе се спушти до околу 1°С, а максимална вредност ќе достигне до околу 5°С.

Коментари

Популарно