Ултиматум од Душко до Карлеуша - нема веќе лабаво

Душко Тошиќ сопругот на Јелена Карлеуша наводно и поставил ултиматум ако сака да остане во брак со него.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој на пејачката и предложил да се пресели со нивните две ќерки, Ника и Атина во Кина, каде тој игра. 

Со оглед на тоа дека порно аферата и скандалот го стресе семејството, Тошиќ сака семејството да биде поблиску до него.

- Душко е уверен дека тоа е единствениот и вистински начин да опстане бракот. Предложи да купат вила и да бидат таму додека тој игра, вели извор за српски Информер.

Коментари

Популарно