Дали терорист од Диво Насеље е назначен за советник во Владата?

Беким Алиу од Куманово – кој за време на нападот во Диво Насеље (2015) на терористите преку фејсбук им ги откриваше позициите на полицијата а во исто време е ветеран терорист на ОНА од војната во 2001 – бил поставен на советничка позиција во владата, се сомневаат во изјава за „Лидер“ луѓе од владејачката СДСМ.

Изворот на порталот е незадоволен од тоа што  Алиу, кој тој го нарекува „Терорист“, гордо се шета во зградата на владата, додека голем дел од активистите на СДСМ и покрај далеку повисокото обрзование седеле невработени.

-Терористов којзнае дали има завршено и средно, а гордо облечен во одело се шета во владата. Се сомневаме дека е вработен како советник во владата на Република Македонија за што се фали на Фејсбук, вели изворот на „Лидер“.

На неговиот Фејсбук профил тој јавно се пофалил за неговото вработување како „Советник во Владата на Република Македонија“.

Целата вест, прочитајте ја на ЛИДЕР.

Коментари

Популарно