Несреќа на Шар Планина: Во лавина загина заменик-министер

Заменик-министерот за дијаспора на Косово, Аријан Даци, загина во лавина на Брезовица, која се наоѓа на косовската страна на Шар Планина, пишува српски blic.rs повикувајќи се на косовските медиуми.

„Газета експрес“ пренесува дека претставникот на полицијата во Урошевац, Басри Шабани потврдил дека лавината на Брезовица однела човечки животи.

Смртта на Даци, син на некогашниот претседател на косовскиот парламент Неџад Даци, ја потврдиле и претставници на косовската влада.

Неофицијално, жртвите скијале на необележани патеки.

Коментари

Популарно